Subscribe News Feed Subscribe Comments

Le violon d'Ingre, couture 2012




Колекција "Виолината на Ингре" couture 2012
Антонија Ристовска


Се тргна од срцето, од музиката, од емоцијата, од креативната страст.

Уште кога размислував каква колекција сакам да направам за модерната жена првата мисла што ме водеше беше колекцијата да биде оригинална, да бидат креации кои ке привлекуваат и кои ќе носат минато во себе. Чудесната фотографија на Мен Реј и неговата муза Кики де Монпарнас ми беа импулс на инспирација и експресија на креативност. Изразната форма на уметникот го дистанцира во сопственото творење, го ниша и флуктуира низ изразните форми и ја дефинира неговата оригиналност.

Длабочината на црната боја и играта на транспарентни и густи структури му ја даваат рустичноста на црниот фустан. Асиметријата и апстрактните форми во играта на бои на текстурата на свилата во комбинацијата на транспарентно-црната глазирана свила врз лелеавата кралско-плава боја, смарагдно-зелената структура на плтената чипка, бојата на модра слива тонирана со преливи на шеќер боја и жолта ја прават колекцијата флуидна и мека. А Виолинскиот клуч, музичките ноти, музичкото петолиние во нивната правилна и стилизирана форма се мотивите кои осцилираат во нивните изразни форми.

Во колекцијата доминираат фустани кои газат по линијата на гламурот и екстраваганцијата. Фустани кои ја слават музиката во жената.
Колекцијата за прв пат ке биде видена со ексклузувна веб - ревија и на која сите вие ке бидете гости во првиот ред.

Најновата колекцијата за прв пат во Македонија ке биде видена и претставена со ексклузувна веб - модна ревија на линкот http://www.youtube.com/watch?v=n66AyaBynZw на која сите вие ке бидете гости во првиот ред .
Ателје Антонија, by Antonija Ristovska

photos:


0 comments:

Post a Comment

 
Macedonia's Runways | TNB